понеделник, 15 декември 2025

Лефков: Нема зошто Бугарија да ескивира од заедничка резолуција за заштита на македонскиот идентитет и јазик

Се уште очекуваме став од Бугарија за предлогот на претседателот Мицкоски, за заедничка Резолуција за заштита на македонскиот идентитет и јазик пред ЕП, изјави денеска на прес- конференција пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

Објавено на

часот

Сподели

„Ние го изнесовме овој предлог од две причини.

Ако Бугарија е искрена, и не го оспорува нашиот идентитет и јазик, тогаш ќе прифатат и заедно ќе ја поднесеме Резолуцијата. Ако Бугарија не е искрена, тогаш ќе ескивира по секоја цена.

Во моментот сме сведоци дека Бугарија бега од идејата, а со тоа покажува став кон Македонија, кој не е демократски, не е добрососедски, ниту пак е човечки.

Гласините кои ги слушаме од некои кругови во Бугарија, го отсликуваат наративот кој Русија го има кон Украина, со целосна негација на нашата самобитност.

Ние знаеме кои сме и целиот свет знае кои сме. Но, фактот што Бугарија го негира тоа, и сака во темел да ги поткопа основните човекови права, дава јасен знак дека сите треба да се запрашаме зошто е тоа така и ќе остави ли ЕУ да бидеме жртва на политики од 19 век, политики на негација на самобитноста исти по размер како тие Русија што ги применува врз Украина.

Македонија е пред сѐ добар сосед, држава членка на НАТО, држава која дала и дава свој придонес кон европската безбедност и единствено нешто кое го сакаме како народ е да бидеме почитувани и да имаме третман како сите останати“, рече Лефков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ