понеделник, 15 декември 2025

Лефков: Хибридна офанзива во полн ек!

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков предупредува дека македонските политичари кои ги штитат националните интереси се цел на синхронизиран напад.

Објавено на

часот

Сподели

„Хибридна офанзива во полн ек! Објави насочени против мене и мојата фамилија – објава на 24 часа.бг. За минута преземена на страници кај нас. Лаги, вести, дискредитации, стартуваат по нарачка, од ботови, скришни или бугарски страници, а потоа молневито се шират“, реагира Лефков.

Координирана и скапа акција, додаде тој и ја повика СДСМ да го објасни неодамнешното соопштение во кое вели дека „жолтите комбиња се вратија, ВМРО-ДПМНЕ се во параноја и процес за дефокус од реалните проблеми“.

„СДСМ сега да си го објасни соопштението полно со навреди, повикувајќи се на жолти комбиња и параноја – додека реално, Македонија и македонските политичари кои ги штитат националните интереси се цел на синхронизиран напад. Ова не е параноја, туку организирана операција против секој што се бори за македонските интереси. СДСМ да одбере страна! Рацете подалеку од фамилијата! Рацете подалеку од Македонија“, напиша Лефков.

Тој смета дека СДСМ има непримерно, антимакедонско и симптоматично пробугарско дејствување, кое делува синхронизирано со бугарската страна и целосно одговара на наративот на службите од Софија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ