. Тој посочи дека извештајот сам по себе е инитересен, затоа е многу детален и комплетен.
„Многу урамнотежен, со многу позитивни елементи и со помалку позитивни елементи. Но, исто така претставува охрабрување, за да се продолжи на патот на реформите и со посебен акцент што е ставен на зајакнување на владеењето на правото, независно судство и борба против корупцијата – теми коишто се важни во сите наши општества. Извештај кој од таа гледна точка е многу корисен и навистина ги одразува приоритетите во нашата соработка, затоа што Франција тесно соработува во тие сектори на зајакнување на администрацијата, независност во судството. Да резеимирам, ќе кажам дека е вистинско охрабрување за продолжување на спроведувањето на реформите во одредени сектори. Токму тоа го правиме“, вели Ле Риголер.
Амбасадорот на Република Франција, Ле Риголер и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска во Штип беа дел од настанот од програмата на Balkan News Truck.






