понеделник, 8 декември 2025

ЛДП: Воведувањето на електронска нараквица ќе спаси животи, трагедијата во Велес не смее да се повтори

Либерално-демократската партија (ЛДП) реагира по трагичниот настан во Велес, при што беа убиени Росица и нејзиниот татко, а сторителот потоа си го одзеде животот. Од партијата порачаа дека трагедијата можела да се спречи доколку Собранието на 1 април ги изгласало измените на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство.

Објавено на

часот

Сподели

„Дали сте свесни дека со тоа што не се издигнавте над партиските интереси и не дадовте поддршка на измените, му овозможивте на Илија ладнокрвно да ги убие Росица и нејзиниот татко?“, изјави Цветанка Геговска, членка на Извршниот одбор на ЛДП.

Таа потсети дека измените биле предложени од пратеничката и претседателка на партијата, Моника Зајкова, со кои се предвидува воведување на електронска нараквица за сторителите на семејно насилство.

„Ако мерката беше на сила, насилникот ќе носеше електронска нараквица и денес Росица и нејзиниот татко ќе беа живи. Таа нараквица ја предупредува жртвата дека сторителот е поблиску од 100 метри, со што значително се зголемува степенот на заштита и се намалува можноста за повторно насилство“, нагласи Геговска.

Од ЛДП апелираат до пратениците, независно од нивната партиска, етничка или верска припадност, да дадат поддршка за измените и воведување на оваа мерка.

„Нека трагедијата на Росица и нејзиниот татко биде последна. Ваша обврска е да носите одлуки што ќе го подобрат животот на граѓаните“, порача Геговска во името на партијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ