среда, 2 април 2025

ЛДП: Итна и темелна истрага за нападот на вработената во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Прилеп

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува длабока загриженост и го осудува вчерашниот инцидент во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Прилеп, во којшто избеган маж од Психијатриската болница во Демир Хисар пукаше и повреди вработена службеничка. Повикуваме на итна и темелна истрага за да се утврдат околностите и да се лоцира одговорноста за настанот, изјавува Бобан Јанкоски, член на Извршниот одбор на ЛДП.

Објавено на

часот

Сподели

Јанкоски истакнува дека безбедноста на граѓаните и вработените во јавните институции мора да биде приоритет и побара зголемени мерки за безбедност во ваквите установи.

„Дополнително, во рамки на заложбите за децентрализација, ќе предложиме центрите за социјална работа да се префрлат под надлежност на општините, со цел да се подобри нивната ефикасност и безбедност. Вработените во овие центри се изложени на секојдневни притисоци, закани и стресни ситуации, што резултира со зголемен број откази од работата“, додава Јанкоски.

ЛДП повикува на системски реформи за да се обезбедат подобри услови за работа и заштита на вработените во овие установи.

Истовремено, Јанкоски во име на партијата изрази поддршка за повредената службеничка и нејзиното семејство, посакувајќи ѝ брзо закрепнување.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ