сабота, 28 март 2026

Лапавица врне на Шапка и Маврово, низ Македонија коловозите се влажни од дождот

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно, пo влажни коловози. Сите патни правци во државата се проодни, соопштија од ЈП Македонија пат. Слаб снег, помешан со дожд (лапавица) паѓа на Попова Шапка и во Маврово.

Објавено на

часот

Сподели

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација,како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП Македонија пат, се додава во соопштението, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ