вторник, 15 јули 2025
Тркалезна маса

Лани летото 34 жртви во сообраќајки, како до безбедно учество во сообраќајот

Минатото лето, 34 лица го загубија животот во сообраќајни несреќи информираше Александар Николов, раководител на сообраќајната единица при МВР. Подигнување на свеста на чинителите во одлучноста и делувањето за безбедноста на луѓето за време на летната сезона, беше целта на денешната тркалезна маса „Безбедно балканско туристичко лето 2025“ што се одржа во Скопје под покровителство на Интернационалната полициска организација во Македонија.

 

Објавено на

часот

Сподели

Апелот за зголемена претпазливост останува постојан, но полицијата презема и мерки за спречување на несреќи.

Генералниот секретар на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, Гоце Делчев-Тодев, изјави дека возачите треба да бидат внимателни со сообраќајната сигнализација, бидејќи, како што рече, има стари знаци и нови правила за користење на тие делници.

Експерти од областа на безбедноста, претставници од МВР, туристички агенции и делегации од меѓународни синдикални и полициски организации дискутираа за основните правила и препораките за безбедно учество во сообраќајот, како и за упатствата за правилно и одговорно однесување, вклучително и за странските патници кои ќе транзитираат низ нашата земја во текот на летната туристичка сезона.

Делчев-Тодев ја нагласи потребата од правилно и одговорно однесување на сите граѓани на Македонија, како и на странските патници кои ќе транзитираат низ државата во текот на летната туристичка сезона.

Притоа тој упати апел до возачите кои со големи брзини транзитираат на територијата низ државава да бидат внимателни, затоа што, како што додаде, нашите патишта не се доволно безбедни за нивните брзини.

На тркалезната маса стручните лица од областа на безбедноста, претставници од Министерството за внатрешни работи, туристички агенции и делегации од меѓународни синдикални и полициски организации, говореа за клучните правила и препораки за безбедно учество во сообраќајот, како и упатства за правилно и одговорно однесување на сите граѓани на Македонија, но и на странските патници кои ќе транзитираат низ нашата држава во текот на летната туристичка сезона.

Тркалезната маса претставува важен чекор во напорите за подобрување на безбедноста на патиштата и за подигнување на свеста за важноста на одговорното однесување во сообраќајот. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ