понеделник, 8 декември 2025
Локални избори 2025

Лабудовиќ: Време е за ред, безбедност и вистински центарец

Во преполната сала на Музејот на Современа уметност, вчера се одржа промотивната конвенција на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, на која беа претставени кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, и советничката листа.

Локални избори 2025

Објавено на

часот

Сподели

На Центар му треба предводник кој ќе биде вистински претставник на граѓаните. Доволно млад и енергичен, доволно стручен и посветен татко на општината. На Центар му треба човек кој ќе воведе ред, ќе создаде урбан развој наместо хаос, ќе го исчисти, ќе го направи безбеден и ќе се бори за секоја негова педа. На Центар му треба вистински центарец. На Центар му треба Мирослав Лабудовиќ,“ беше пораката што силно одекна на конвенцијата.

Angel Angelovski photo

Во своето обраќање, Лабудовиќ се обврза дека нема да биде градоначалник кој работи само пред избори, туку човек што ќе им служи на граѓаните секој ден од својот мандат. Тој најави ревизија на сите спорни урбанистички планови, нови катни гаражи во Буњаковец, Капиштец и кај новата Железничка станица, чиста и безбедна општина со енергетски ефикасни фасади, како и изградба на Центар хаб – мултифункционален младински и културно-технолошки центар.

„Секогаш пред очи ќе ја имам главната цел – моите сограѓани. Ќе работиме секојдневно за да го подобриме нивниот живот и Центар да му го вратиме на граѓанинот,“ истакна Лабудовиќ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ