„Во Центар паркира кој каде ќе стигне. По тротоари, велосипедски патеки, до контејнери. Општината стана симбол за општ хаос и небезбедни простори за движење. Во нашата општина секојдневно циркулираат многу повеќе возила од тие што се во сопственост на жителите. За да паркираш тука треба да си магионичар,“ изјави Лабудовиќ.
Тој нагласи дека проблемот е јасен – Центар има очајна потреба од зголемување на капацитетот на паркинг места, но и од воспоставување нов систем кој ќе донесе ред и еднакви можности за сите.
„Ќе го прошириме капацитетот на постојните паркинзи и ќе изградиме нови катни гаражи на најфреквентните локации. Но, ќе воведеме и смарт-паркинг систем со дигитална контрола и фер наплата. Така ќе дадеме еднакви можности за сите “ додаде Лабудовиќ.
Тој потенцираше дека клучната цел е воспоставување ред: „Паркирање по тротоари и велосипедски патеки не смее да има. Центар мора да има ред во паркирањето!“






