четврток, 25 декември 2025

Лабудовиќ ветува субвенции за годишен сервис на лифтови и хидранти

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, ја најави новата мерка за субвенционирање на најголемиот дел од трошоците за годишниот сервис на лифтови и хидранти во сите станбени згради – чекор што има за цел да ја зголеми безбедноста на граѓаните и да ја поттикне одговорноста кон редовното одржување на зградите.

Објавено на

часот

Сподели

„Општината има обврска да се грижи за своите граѓани – не само со големи и долгорочни проекти, туку и со конкретни, секојдневни мерки кои го олеснуваат животот и го прават побезбеден. Затоа ја воведуваме мерката за субвенционирање на 70 отсто од редовниот годишен сервис на лифтови и хидранти,“ изјави Лабудовиќ.

Тој потенцира дека оваа мерка е од особено значење за старите згради и за станбените заедници кои со години се соочуваат со високи трошоци и застарени системи.

„Често лифтовите не се сервисираат редовно, а противпожарните системи остануваат нефункционални – што го загрозува животот на станарите и нивната безбедност“, реле Лабудовиќ.

Според него, со субвенционирањето, Општината ќе преземе дел од финансиската обврска, со што ќе им помогне на граѓаните навреме да ги направат задолжителните технички прегледи, да избегнат ризици, и да се чувствуваат сигурно во сопствените домови.

„Безбедноста на секој човек, секое семејство и секој дом во Центар е наш приоритет. Оваа мерка е пример за тоа како локалната самоуправа може практично да помогне – со превенција, грижа и навремена реакција,“ истакна Лабудовиќ.

Тој додаде дека преку оваа мерка Центар ќе стане пример за модерна и одговорна општина која навистина се грижи за својот народ.

Според планираниот модел, Општината ќе ги покрива дел од трошоците за редовен годишен сервис на лифтовите и хидрантите, а средствата ќе се обезбедат преку јавен повик на кој ќе можат да аплицираат сите станбени заедници на територијата на општината. Субвенциите ќе бидат достапни под еднакви услови за сите жители, со приоритет на зградите со повисока фреквенција на користење на лифтови и оние што немаат редовен сервис повеќе години.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ