„Центар мора да добие системски решенија. На граѓаните им е потребен ред, чистота, безбедност и функционален урбанизам, а не хаос и бетонизација“, порача Лабудовиќ.
Во своето гостување тој најави низа конкретни проекти и тоа, kтни и монтажни гаражи во Буњаковец, Капиштец и во близина на новата железничка станица, со цел конечно да се реши хроничниот проблем со паркирањето, tемелно чистење на Центар во првите 100 дена од мандатот и воспоставување современ систем за хигиена, bезбедни рути до училиштата за децата – решение кое ќе гарантира дека секое дете безбедно стигнува до наставата, селекција и рециклирање на отпадот со енергетски бенефити – Центар да стане првата општина со вистинска зелена политика, младински иновативен центар како ново јадро за креативност и развој на младите, мирен и квалитетен живот за жителите, со балансирање на ноќниот живот и поддршка за угостителите.
Осврнувајќи се на досегашното работење на актуелниот градоначалник Горан Герасимовски, Лабудовиќ е дециден дека Центар денес е жртва на масовна бетонизација и неконтролирани дозволи за градба кои го уништуваат зеленилото и ја загрозуваат животната средина.
„Тоа мора да престане. Ние имаме системски решенија – долгорочни и одржливи, кои ќе донесат ред и ќе го заштитат она што е највредно – животот и здравјето на луѓето“, рече Лабудовиќ.
Лабудовиќ најави и координирана соработка со идниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, при што сите одлуки и проекти ќе бидат усогласени и во интерес на граѓаните.
„Заедно ќе изградиме Центар кој ќе биде пример за чесно, одговорно и визионерско водење на општината“, порача Лабудовиќ.






