четврток, 25 декември 2025

Лабудовиќ најави деноноќно обезбедување во сите училишта и градинки во Центар

Безбедноста на децата мора да биде обврска на општината, а не трошок за родителите, порача денеска Мирослав Лабудовиќ кандидат на ЗНАМ за градоначалник на Општина Центар.

 

Објавено на

часот

Сподели

Лабудовиќ најави дека дел од неговата програма е воведување 24-часовно физичко обезбедување во сите училишта и градинки на територијата на Центар.

„Не може родителите од свој џеб да плаќаат за нешто што е законска обврска на општината. Тоа е недозволиво, но во Центар стана пракса. Јас се обврзувам дека секое  училиште и секоја градинка ќе има 24 часовно физичко обезбедување. Безбедноста на децата е наш највисок приоритет“, вели Лабудовиќ.

Покрај оваа мерка, најавена е и иницијатива за воведување безбедни патеки до училиштата и градинките, кои ќе бидат обележани, осветлени и целосно прилагодени за децата. Како што вели Лабудовиќ, целта е да се создаде сигурна и уредена средина, во која секое дете ќе биде заштитено и во училницата и во училишниот двор и на патот кон дома.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ