недела, 14 декември 2025

Лабудовиќ на Летниот камп за млади во Струга: Младите се двигатели на општествените промени

Претседателот на Градската организација на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија-Скопје, Мирослав Лабудовиќ, денеска се обрати пред учесниците на првиот Летен камп за млади во Струга, нагласувајќи ја значајната улога на младите во општеството и политиката.

Архивска фотографија

Објавено на

часот

Сподели

„Младите преку својот ангажман не само што се развиваат лично, туку стануваат двигатели на општествените промени, без разлика дали нивниот ангажман е граѓански или партиски“, истакна Лабудовиќ.

Тој ги охрабри младите да поставуваат високи цели и да го насочуваат својот потенцијал кон реални резултати кои ќе го унапредат општеството и политичкиот живот во Македонија.

Лабудовиќ посочи дека младите се совеста и силата на општеството и дека, кога се добро организирани и мотивирани, можат да влијаат на политиката, да поддржат реформи и да ја зајакнат демократијата. Особено ја нагласи улогата на младите во локалната власт, потенцирајќи дека ЗНАМ се залага тие да учествуваат во креирањето на локалната политика, донесувањето одлуки и обликувањето на развојните приоритети на своите општини.

„Еден политички подмладок е богатство за целиот политички систем, затоа што носи нови познанства, нови луѓе и нови карактери кои ја обновуваат политичката култура и ја зајакнуваат демократската конкуренција“, додаде Лабудовиќ.

Летниот камп на ЗНАМ за млади ќе трае до 31 август и ќе овозможи учесниците активно да учат, да се поврзат и да ги развиваат лидерските и политичките вештини, со цел да станат носители на иднината на Македонија и на локалните заедници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ