Котески истакна дека советничката група на ЗНАМ ќе работи врз две платформи – чесност, одговорност и транспарентност, како и градба на единство со советниците од други партии за поддршка на позитивни решенија. „Ќе ја претставиме програма која е реална, содржајна и остварлива, а со мене стојат луѓе со интегритет и љубов кон Скопје. Нема да бидеме политички кукли, туку борци за интересите на граѓаните“, рече Котески.
Лабудовиќ, пак, нагласи дека на Центар му се потребни системски решенија за хигиената и одржливиот развој. Тој ја поднесе својата кандидатура со поддршка на Движењето ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ, најавувајќи дека ќе се изработи програма со реални решенија, базирана врз комуникација со граѓаните.
„Наш приоритет ќе биде безбедноста во сообраќајот, училиштата и домувањето, како и поголема грижа за маргинализираните групи, лицата со посебни потреби, децата и пензионерите. Во првите 100 дена Центар ќе биде исчистен, а ќе посветиме посебно внимание и на зеленилото и човековата околина“, истакна Лабудовиќ.

И двајцата кандидати ја побараа поддршката од скопјани, ветувајќи дека ќе работат за подобро, почисто и поорганизирано Скопје и Општина Центар.






