„Одиме понатаму – од утре продолжуваме со нашата приказна за подобар Центар! Резултатите од првиот круг покажаа дека сите опозициски гласови се гласови против Герасимовски и неговото неработење. Сите кои сакаат промени, ред, развој и чесно управување, обединети се на истата страна – страната на народот, страната на Центар. Од срце им се заблагодарувам на сите граѓани кои гласаа за промена, на членовите, поддржувачите и симпатизерите на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, како и на раководството, членовите и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ за искрената и отворена поддршка во оваа заедничка борба. Ова не е борба на партии, ова е борба на граѓаните против корупцијата, бетонизацијата и ароганцијата на власта во Центар!“, вели Лабудовиќ.
Според кандидатот на ЗНАМ во Центар, во вториот круг сè почнува од 0:0. Сега е моментот кога уште повеќе треба да сме сите обединети и решителни.
„Да покажеме дека Центар заслужува вистинска локална власт која ќе биде на страната на граѓаните, а не на интересите на неколкумина. Граѓаните на Центар веќе се изјаснија дека е доста од популизам, доста е од неказнивост и од празни ветувања. Сега е време за вистинска работа, време за ред, чисти улици и чесна општина! За 14 дена – заедно ќе славиме голема победа! Победа за секој граѓанин кој сака нормален, убав и достоинствен Центар. Центар повторно ќе биде најубавата, најчистата и најуредената општина во Скопје“, порача Лабудовиќ по првиот изборен круг за општина Центар.






