петок, 12 декември 2025

Курти: Победата на Вреди ја потврди волјата за промени на Албанците

Косовскиот премиер Албин Курти преку социјалните мрежи го пофали изборниот резултат на коалицијата Вреди во Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

„Од Чаир до Тетово, Вреди успеа да победи во десет општини во Северна Македонија. Моите двајца пријатели, Изет и Билали, триумфираа со заслуга, бидејќи со конкретни проекти и чесна работа. Првиот во првиот круг, вториот две недели подоцна, но двајцата победија, со голема разлика.

Успехот на локалните избори е потврда за доброто управување на Вреди, за волјата за промени на Албанците и голема шанса за реформи во Северна Македонија.

Во првите 15 месеци на власт, Вреди владееше со чисти раце, без корупција и скандали, правејќи етичка разлика со претходните влади. Токму овој дух на промени донесе отворена и повеќедимензионална соработка меѓу Косово и Северна Македонија. Од суштинскиот состанок на нашите две влади до заедничкото управување со границата, Косово и Северна Македонија ги продлабочија соседските односи како никогаш досега. Владата на Косово ги поздравува демократските случувања во Северна Македонија, како доказ за европската перспектива на нашиот партнер и сојузник“, напиша косовскиот премиер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ