понеделник, 8 декември 2025
По најавената реконструкција

Кумановските пожарникари очекуваат поголема функционалност и подобар пристап до гаражите

Во тек е реконструкција на просторот околу територијалната противпожарна единица во Куманово, пожарникарите очекуваат поголема функционалност и подобар пристап до гаражите. Во меѓувреме, советниците ја донесоа одлуката за прифаќање на донација од Тирол, Австрија која се состои од противпожарно возило со скали.

Објавено на

часот

Сподели

„Очекуваме значително подобрување на функционалноста по реконструкцијата на просторот. По набавката на хидраулична скала, значително ќе се олесни нашата работа. Проектот се спроведува со Австрија и областа Тирол и веќе имавме повеќе средби“, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

 

Преку проектот Куманово ќе добие противпожарно возило со хидраулична скала. Како што претходно објаснија надлежните, предвидена е и обука на пожарникарите, првин во Австрија, а потоа и во Осиек, Хрватска во тамошниот центар за обука, изграден со поддршка на Австрија.

Во рамките на проектот е предвидено и зголемување на нивото на волонтеризмот. Во градот веќе функционира доброволно противпожарно друштво и се зголемува бројот на членови. Куманово ќе настојува во руралните средини да воспостави доброволни противпожарни друштва кои ќе добијат и теренски возила за интервенција.

Во мај, годинава претставници од Тирол ја посетија општина Куманово, додека претходно претставници од општината и ТППЕ Куманово остварија работна средба во Австрија каде се информираа за програмските активности за заштита од пожари во Тирол.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ