вторник, 15 јули 2025

Кумановската болница доби нови 24 специјализанти

Општата болница во Куманово вработи 24 специјализанти, соопштија денеска од здравствената установа. Како што информираа надлежните од болницата, вработени се специјализанти во речиси сите оддели, хирургија, ортопедија, педијатрија, гастроентерохепатологија, гинекологија и акушерство, дерматовенерологија, ендокринологија, пулмологија и алергологија, кардиологија, интерна медицина, пластична и реконструктивна хирургија, оториноларингологија, офталмологија, уролошка хирургија, психијатрија и ортопедија.

Објавено на

часот

Сподели

Очекуваме да се намали недостигот од кадар во здравствената установа, граѓаните да добијат ефикасна здравствена грижа Имаме уште четири места, бидејќи како установа добивме можност за вработување на 28 специјализанти, што е најголема бројка во Македонија, изјави директорот на Општа болница – Куманово, Сашо Стошевски.

Огласот за вработување на специјализанти беше распишан на 1 април, заврши на денот на здравството – 7 април, следеше период на тестирање на специјализантите на факултетот во Штип, интервјуа.

Општа болница покрива територија на шест општини од североистокот и обезбедува секундарна здравствена заштита за Липково, Старо Нагоричане, Крива Паланка, Кратово и Ранковце со приближно 200.000 граѓани. Во близина се три гранични премини, меѓу нив „Табановце“ како најфреквентен и затоа, како што беше посочено, надлежните ќе преземат мерки за подобрување на функционирањето за итните случаи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ