„При изведување на работни активности од страна на друг субјект кој извршувал градежни работи за свои потреби, се искинати два подземни среднонапонски кабли кои се во сопственост на Електродистрибуција. Како резулатат на тоа, без снабдување со електрична енергија остана централното градско подрачје на Куманово.Екипите на Електродистрибуција веднаш излегоа на терен за санација на дефектот“, информираат од ЕВН.
Оттаму наведуваат дека дел од корисниците веќе имаат снабдување со електрична енергија, а екипите продолжуваат со префрлување на останатите корисници на алтернативни напојни точки.