среда, 14 јануари 2026

Кумановци повторно протестираа пред зградата на УЈП

Кумановци кои работеа за американски компании во бази во Ирак и Авганистан и денеска протестираа пред зградата на Управата за јавни приходи во Куманово. Побараа надлежните да земат во предвид (пасоши, печати, потврди од работодавци), како и ревизија на решенијата, запирање на присилната наплата и усогласување на даночната пракса, укажувајќи дека не бегаат од плаќање на даноци и дека бараат правична и законска примена.

Објавено на

часот

Сподели

Дел од присутните доставија и решенија од УЈП според кои самите побарале Управата да им потврди дали имаат каков било данок за плаќање и добиле известување дека немаат.

На протестот засегнатите кажаа дека институцијата не постапила навремено, не донела решение за секоја година и не обезбедила навремено информирање за овие даночни обврзници. Поеднечно, дел од нив веќе се обратиле до народниот правобранител, а за утре најавија дека официјално ќе достават барање до таа институцијата, до УЈП, до Владата, до Американската амбасада и до Советот на општина Куманово.

Тие најавија дека протести ќе има цела работна недела, секој ден од 14 до 16 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ