„Политички глодари, политички некрофили…И дното е пробиено…Како семејство секогаш најостро ќе реагираме кога некој ќе се обиде да ја искористи нашата тага и смртта на детето ангел – Фросинче. Исто така ќе бараме начин како институционално да си преземат одговорност и да одговараат за вакви злодела, манипулации…“, напиша Кулаков на фејсбук споделувајќи го статусот на неговата ќерка Росица, сестра на Фросина која напиша дека нивното семејство било изманипулирано од луѓе кои „ги влечат конците од сенка, а никогаш не одговараат за своите постапки“.
Од еден искрен, спонтан и народен крик на болка, се појави нешто друго. Некој со болен ум, со туѓа трагедија реши да си прави профит. Така во јавноста се појави иницијативата „Кој е следен“, напиша Росица Кулакова, сестрата на Фросина која трагично го загуби животот во сообраќајната несреќа што се случи на крајот на јануари 2025 година на булеварот Партизански одреди во центарот на Скопје.