петок, 19 септември 2025

Куќниот притвор заменет со мерка притвор, за нападот на градоначалничката на Град Скопје

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите во жалбата како и одговорот на жалба, донесе решение со кое жалбата е основана и мерката куќен притвор за осомничениот С.Љ. ја замени со мерка притвор, соопшти Кривичниот суд, а се однесува на осомничениот за нападот на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Објавено на

часот

Сподели

„Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство од чл. 386 ст.3 вв ст.1 од КЗ, а поврзано со нападот на градоначалничката на Град Скопје, кој на 12.07.2025 год. беше спроведен во судот, првично му беше определена мерка куќен притвор. Но, советот смета дека опстојуваат околностите од чл.470 ст.1 т. 1 и 2 од ЗКП односно Опасност од бегство и Околности кои оправдуваат дека може да го повтори делото, па заради тоа му определи мерка притвор во скратена постапка. По доставеното решение, од надлежната Полициска станица добиено е известување дека лицето е веќе спроведено во Затворот Скопје“, се наведува во соопштението на Кривичниот суд Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ