До собраниската Комисија за образованите, наука и спорт и Комисијата за економски прашања, труд и енегретска политика, КСЗД поднесе информација за потребата од измени и дополнувања на Законот за високо образование „со цел отстранување на утврдена индиректна дискриминација кон вработените во приватните здравствени установи“.
„Иницијативата се однесува за отстранување на нееднаквоста кон докторите по медицина кои се вработени во приватни здравствени установи, а кои се спречени да засноваат двоен работен однос, за разлика од докторите по медицина кои се вработени во јавните здравствени установи“, соопшти Комисијата.
До собраниската Комисија за култура и туризам, пак, е поднесена информација за потребата од измени и дополнувања за Законот за култура „со цел отстранување на утврдена индиректна и продолжена дискриминација кон носителите за државни награди од областа на културата и уметноста“.
„Иницијативата се однесува на нееднаквата, односно различна методологија за пресметување на висината на надоместокот на корисниците на државните награди“, наведува КСЗД во соопштението.






