петок, 6 март 2026

КСЗД ќе го промовира извештајот за дискриминацијата на Ромките

На промоцијата што ќе се одржи во просториите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) денеска од 10 часот, ќе бидат презентирани наодите од истражувањето спроведено од КСЗД, како дел од обврските утврдени во Националниот акциски план за заштита, промоција и исполнување на човековите права на жените и девојчињата Ромки 2022-2024 година.

Објавено на

часот

Сподели

Извештајот ги презентира предизвиците со кои се соочуваат Ромките при пристапот до пазарот на трудот, формите на дискриминација што ги доживуваат, достапните механизми, како и препораки за подобрување на институционалниот одговор и унапредување на еднаквоста.

„Промоцијата ја организираме во пресрет на 8 март- Меѓународниот ден на жената, со цел да се потсетиме на значењето на еднаквоста, недискриминацијата и заштитата на правата на жените, особено на жените кои се соочуваат со повеќекратна и интерсекциска дискриминација“, пишува во соопштението од КСЗД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ