„Наместо да се прекинат лошите практики од минатото, парламентарците во нив наоѓаат изговор за да не организираат комеморација за жртвите на корупцијата. На овој начин се покажува елементарно непочитување и кон загинатите и кон живите луѓе во Кочани. Со ова, првиот меѓу еднаквите народни избраници докажа дека токму тие се показател на општествената летаргија во која е потоната Македонија“, реагира Крстевски.
В.д градоначалникот смета дека Собранието со ништо не им помогнало на настраданите и повредените во најтешките денови и упати повторен повик државните институции да не забораваат дека на Кочани му е потребна итна рехабилитација.