Според законските одредби забрането е ловење на риби за време на мрест, а периодот за мрестење на крапот е април, мај и јуни.
„Во Мерките за заштита на рибите и други водни организми во Законот за рибарство и аквакултура, член 37, став 1 стои дека ‘риболовот се врши во текот на целата година, освен во времето за забрана во периодот на природен мрест на рибите и другите водни организми’. Според ова, концесионерот го прекршил овој член од законот, изловувајќи крап во период кој е забранет со закон, бидејќи е период за мрест. Инспекциски надзор над спроведувањето на одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон врши Државниот инспекторат за земјоделство преку државни инспектори за земјоделство.
Со изведување на риболов во мрест, концесионерот воедно го прекршил и член 21 од Законот за заштита на природата. Доставена е претставка за вршење вонреден инспекциски надзор и до Управата за животна средина и до Државниот инспекторат за животна средина“, известува граѓанската иницијатива Охрид СОС.