недела, 14 декември 2025
Реакција

Кривичниот суд уверува дека промената на судијката Петровска е заради ефикасност

Судијката Лидија Петровска, чие име се споменуваше во прислушуваните разговори што го отворија прашањето за партиски влијанија врз изборот на судии – познато и како „сваровски судство“, повторно е распоредена во Одделот за организиран криминал и корупција смената е направена во рамки на годишниот распоред, поради назначувањето на досегашната судијка од одделот, Даниела Димовска, за в.д. претседател на судот.

Објавено на

часот

Сподели

„Промената е направена со цел континуирано водење на постапките и непотребно одолговлекување од кое би трпеле странките. Пополнување на годишниот распоред за работа на судиите со цел континуирано водење на постапките и непотребно одолговлекување од кое би трпеле странките. Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста, дека од овој месец е направена промена во годишниот распоред за работа на судиите со што во одделот за организиран криминал и корупција ќе постапува судијата Лидија Петровска која во работа ќе ги презеде предметите до судијата Даниела Димовска која со решение на Судскиот совет на РСМ е поставена за ВД Претседател на судот“, се вели во

Од Судот уверуваат дека судијата Петровска е еден од судиите со најдолг стаж во судот, односно е избрана за судија во 2013 година, најголем дел од својата кариера постапувала и како судија во одделот Кривично полнолетни, а воедно во текот на 2017 година постапувала и како судија во одделот за организиран криминал и корупција.
Дополнително со изборот на нови судии во Кривичниот суд, и избор на судии од овој суд во Апелациониот суд Скопје, во одделот Кривични полнолетни постапуваат судиите со помал стаж и искуство, па заради тоа во одделот за организиран криминал и корупција, како и до сега, се распределуваат судиите со најдолг стаж и искуство.
Заради одредени медиумски објави, ја информираме јавноста дека за унапредување на судиите во повисоки судови е надлежен Судскиот совет на РСМ, а на ниво на судот единствено може да се направи промена во годишниот распоред, се со цел ефикасно судење и континуитет на постапките што е од особен интерес на странките“, се дополнува во реакцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ