понеделник, 15 декември 2025

Кривичниот суд пресече, Катица Јанева од недела и официјално е слободен граѓанин

Основниот кривичен суд Скопје денеска соопшти дека по предлог на поранешната шефица на Специјалнот јавно обвинителство (СЈО), Катица Јанева ѝ е одобрен условен отупст во траење од осум месеци. Катица Јанева беше осудена на седум години затвор за примање поткуп, а казната почна да ја издржува во 2021 година. Во казната ѝ е пресметан и притворот што ѝ беше определуван до правосилноста на пресудата.

 

Објавено на

часот

Сподели

Скопскиот кривичен суд ја донел одлуката уште на 12 декември минатата година со кое го прифатил предлогот, Јанева да биде условно пуштена  на слобода.

„Заради интерес на повеќе претставници на медиумите околу условниот отпуст на поранешната обвинителка, правосилно осудена во предметот познат како Рекет, ја информираме јавноста дека на 12.12.2024 година Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје, по предлог на осудената К.Ј., правосилно осудена со предметот КОК 116/19, донел решение со кое се прифаќа предлогот и на осудената и се дозволува условен отпуст од издржување на затворската казна, кој започнува од 21.12.2025 година, а трае до 21.08.2026 година, односно од седум годишната затворска казна, која ја издржува осудената, дозволен е условен отпуст од осум месеци“, се наведува во соопштението на Основниот кривичен суд Скопје.

На Јанева и претходно ѝ беше дозволувано да излегува од затворот Идризово кога дење работеше во адвокатската канцеларија на нејзиниот син, а навечер се враќаше во затворот. Но, таа привелегија ѝ беше ускратена кога Управата за извршување санкции соопшти дека при контрола врз нејзината работа, Јанева не била најдена во адвокатската канцеларија кај што работеше.

Според Законот за извршување на санкциите, осуденикот се отпушта од издржувањето на казната во денот кога со решението за условен отпуст е определено отпуштањето. Постапката за условен отпуст се спроведува согласно со Законот за пробација.

„Пред одлучувањето за условниот отпуст првостепениот суд ги има предвид писмениот извештај и мислењето на пробацискиот службеник врз основа на кои е даден предлогот за условен отпуст. Во случај кога до судот е поднесено барање за условен отпуст надлежниот суд може да побара од надлежната локална пробациска канцеларија да достави пробациски извештај. Надлежниот суд бара дополнителни податоци од пробациската канцеларија, а може да се сослуша и осуденото лице и да се побара мислење од судијата за извршување на санкциите за околности што се однесуваат на личноста на осуденото лице, неговото поведение за време на издржувањето на казната, извршувањето на работните обврски и за други околности од кои може да се заклучи дали е постигната целта на казнувањето и особено дали осуденото лице во иднина нема да врши кривични дела“, пишува во Законот за извршување на санкциите.

Според Законот за пробација пак, надзорот на осуденикот кој добил условен отпуст, во конкретниот случај, Катица Јанева, го врши пробациски службеник.

„Ако осудениот не ги исполнува или неуредно ги исполнува обврските кои му се определени, месно надлежната пробациска канцеларија го опоменува и затоа веднаш ќе го извести надлежниот суд. Ако условно осуденото лице и по писмената опомена не ги исполнува изречените обврски и не учествува во спроведувањето на индивидуалната програма која му е определена, месно надлежната пробациска канцеларија за тоа најдоцна во рок од три дена од дознавањето за неисполнувањето на обврските и не учествувањето во спроведувањето на индивидуалната програма за третман го известува судот кој ја донел одлуката во прв степен со предлог да го отповика условниот отпуст. Месно надлежната пробациска канцеларија може на судот кој ја донел одлуката за условен отпуст да му предложи измени на обврските утврдени со решението за условен отпуст, укинување на обврските, продолжување или намалување на рокот за извршување на изречените обврски или да предложат нови обврски кои со решението за условен отпуст не биле утврдени“, пишува во Законот за пробација.

Катица Јанева беше осудена на седум години затвор, а казната почна да ја издржува во 2021 година. Во казната ѝ е пресметан и притворот што ѝ беше определуван до правосилноста на пресудата и траеше повеќе од една година. Јанева беше осудена за примање поткуп од бизнисменот Орце Камчев.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ