Од Јавното обвинителство појаснуваат дека притворот е неопходен за да се извршат вештачења, анализи на камери, известувања од претрес… односно сите дејствија кои биле наредени денеска од страна на надлежниот јавен обвинител.
„Притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијат“, информираа од Јавното обвинителство.
По предлог на надлежниот јавен обвинител, Кривичниот суд Скопје му определи мерка краткотраен притвор на осомничениот Јовановски.
Вчера 31 годишната Ивана Стојановска почина откако се фрли од балконот во својот семеен дом. Со себе ја зема и со својата ќерка, шестгодишната Катја која исто така почина по падот од балконот.






