четврток, 18 декември 2025

Кривичниот суд ја одби жалбата за притворот на поранешниот правобранител Стафа

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба на одбраната на осомничениот Ф.С., поранешен државен правобранител, против решение на судија на претходна постапка со кое на осомничениот му се определува мерка притвор во траење од 30 дена, по одржана седница и советување, донесе решение со кое – жалбата се одбива како неоснована и решението на судија на претходна постапка се потврдува, се вели во соопштението на Кривичниот суд.

Објавено на

часот

Сподели

Притоа се нагласува дека „Ф.С., за кој постои основано сомнение за кривично дело – примање награда за противзаконито влијание, останува во притвор заради постоење на околностите од чл. 165 ст.1 т.1 и 2 односно – опасност од бегство и влијание врз сведоци“.

Иницијалите Ф.С. се однесуваат на поранешниот правобранител Фехми Стафа, осомничен дека во периодот од октомври до 13 декември 2025 година,  примил вкупно 50.000 евра со цел да посредува и да го искористи своето реално влијание за интервенција кај судија во Апелациониот суд Скопје. Парите биле побарани за да се изврши службено дејствие кое, според закон, не смеело да се изврши.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ