недела, 14 декември 2025

Кривичниот суд го прифати обвинението против поранешната претседателка на ДКСК, Димитровска

Советот за оцена на обвинителниот акт против Б.Н. поднесен како продолжение на истрагата во предметот познат како „Адитив“, донесе решение со кое приговорите на обвинетиот поднесени преку неговите бранители се одбиваат, а обвинителниот акт се одобрува во целост, информираа од Основниот кривичен суд Скопје. Оттаму уште соопштија дека со оглед на тоа што против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска беше поднесен обвинителен предлог, истиот според закон, не се оценува туку автоматски се прифаќа.

Објавено на

часот

Сподели

„Заедно со конкретниот обвинителен акт, до судот од страна на Обвинителството за борба против организираниот крминал и корупција (ОЈО ГОКК) беше поднесен и обвинителен предлог против Б.П.М., Т.Д. и М.С. за кривичното дело оддавање службена тајна, кој предлог не подлежи на оцена, како и предлог за спојување на обвиненијата со предметот познат како ‘Адитив’ за кое барање дополнително ќе се одлучува“, информираа од Киривичниот суд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ