петок, 6 март 2026

Кривичниот суд ги посети притвореничките во Шутка со порака дека жената не ја губи вредноста затоа што е зад ѕидови

Основниот кривичен суд Скопје, по повод 8 Март, денеска го поести притворското одделение во затворот Скопје како иницијатива за унапредување на правата на жените притворенички.

Објавено на

часот

Сподели

Претседателката на Кривичниот суд Скопје, судија  Даниела Димовска, денеска го посетила притворското одделение во рамките на Затворот Скопје, каде во моментот се сместени 12 жени за кои кривичната постапката е во тек и сеуште не е донесена правосилна судска одлука.

како што информираа од судот, оваа посета не била само институционална должност на судот, туку човечки чин за порака дека ниту една жена, без оглед на околностите и постапката која се води против неа, не смее да биде лишена од своето достоинство, од правото на фер постапка и од основното начелно – презумпцијата на невиност, што се темели и на препораките на Европската конвенција за заштита на човековите права.

За време на посетата посебен акцент бил ставен на потребата од родово-сензитивен пристап во притворските услови, како и на обезбедување психолошка поддршка за жени кои често се соочуваат со дополнителна социјална и економска ранливост.

„Жената не ја губи својата вредност затоа што се наоѓа зад ѕидови, таа останува мајка, ќерка, сестра, личност со право на почит и праведност“, било истакнато на средбата.

Заради тоа, информираат од судот, покрај разговорите со притворените жени, судот ја искористил приликата и за средба со директорот на управата, Бобан Утковски со кој е договорено да се иницираат дополнителни разговори со надлежните институции за унапредување на условите и за јакнење на механизмите за заштита на правата на жените во притворското одделение.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ