Кривичниот суд ги одобри обвиненијата за полицајците поврзани со пожарот во Кочани и за обвинетите за ИПАРД програмата

Советот за оценка на обвинителен акт, при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по оцена на два обвинителни акти поднесени од Основното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), по одржани седници и ценејќи ги фактите и доказите во двете обвиненија донесе решенија со кои ги одобрува и двата обвинителни акти.

часот

„Обвинителниот акт со КОК – ооа 4/26, против 13 полициски службеници кои се товарат дека сториле кривично дело тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот кој на 16 март 2025 година се случи во објектот Пулс во Кочани, се одобрува во целост.

Воедно и обвинителниот акт со КОК – ооа 5/26 , против пет физички лица за различни кривични дела и тоа давање поткуп, давање награда за противзаконито влијание, примање награда за противзаконито влијание и примање поткуп, во чиј склоп е и обвинителен предлог против четири други физички и едно правно лице, а поврзани со користење средства преку ИПАРД програмата“, соопштија од Кривичниот суд.

Оттаму појаснија дека врз основа на двете, веќе одобрени обвиненија, формирани се кривични предмети и тоа КОК бр. 15/26 поврзан со пожарот во Кочани, и КОК бр. 16/26 поврзан со ИПАРД програмата кои предмети согласно АКМИС – системот ќе бидат распределени на понатамошно постапување кај надлежни судии, а откако ќе бидат насрочени главни расправи, термините за судските рочишта ќе бидат достапни преку календарот за судење на веб страницата на судот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ