Општина Тетово го пријавиле овој случај во СВР Тетово откако овие фирми преку извршител се обиделе да наплатат за услуги што не биле извршени. Овие фирми биле финансиери на ДУИ.
Кривичните пријави се поднесени за „измама“ и „давање лажен исказ“. ХАК бус и Ферт атомик изготвувале фактури иако знаеле дека договорите за превоз на ученици во Тетово биле истечени.
Кривична пријава доби М.З. (46) од Тетово. Во текот на септември и октомври 2024 година, пријавените, иако знаеле дека договорот за превоз на редовни ученици, склучен помеѓу пријавените и средно училиште бил истечен, без правен основ изготвиле фактури во износ од 15.034.110 денари за двата месеци и ги доставиле до надлежните служби на училиштето со намера да биде извршена наплата. Пријавените не успеале да ги доведат во заблуда надлежните во училиштето, по што на нотар дале лажен исказ и ги доставиле фактурите со барање да се изготви предлог решение за нотарски платен налог, кое било донесено од нотарот.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ќ.Ф. (59) од село Шемшово и правно лице од тоа село поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „давање лажен исказ“. И одговорните од оваа фирма, во текот на септември и октомври 2024, иако знаеле дека договорот за превоз на редовни ученици склучен помеѓу пријавените и средно училиште во Тетово бил истечен, на 10 јуни 2025 без правен основ, изготвиле фактури за извршен превоз во септември и октомври 2024 во вкупен износ од 2.152.447 денари. Потоа овие фактури биле доставени до надлежните служби на наведеното училиште, со намера да ги доведат во заблуда и да биде извршена наплата на доставените фактури. Пријавените кај нотар дале лажен исказ, барајќи да изготви предлог решение за нотарски платен налог, информираат од МВР.






