Како што соопштија од УФП, првопријавениот, директор на ЈКП „Брегалница“ – Делчево, во периодот од 2019 до 2023 година, со пропуштање на должниот надзор, постапил несовесно во вршењето на своите овластувања и должности, на начин што не иницирал и не дал налог за изготвување тужби за парични побарувања од физички и правни лица по основ на користени услуги, потрошена вода, подигнат смет и закуп на простории, поради што настапила застареност на паричните побарувања, со што претпријатието било оневозможено да изврши нивна наплата.
„Второпријавениот М.К., во својство на раководител на секторот за општи, правни и финансиски работи, а подоцна и на секторот за општи и правни работи, иако бил должен, не воспоставил соодветен систем на интерна контрола и редовно не доставувал предлози за поведување постапки за присилна наплата на ненаплатените побарувања до директорот на претпријатието“, информираа од УФП.
Со ова, велат оттаму, причинета е штета на буџетот на ЈКП „Брегалница“ – Делчево во вкупен износ од 7.588.894 денари.






