петок, 13 март 2026

Кривична пријава од УФП против поранешен в.д. директор на ЈП Комунална хигиена Скопје за намера за проневера на 68.000 евра

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против С.Р. во својство на поранешен в.д. директор на ЈП Комунална хигиена Скопје поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 ст.4  и ст.3 вв ст.1 од КЗ на РСМ,  „фалсификување исправа“ од член 378, ст.1 од КЗ на РМ и кривично дело “проневера во службата” – во обид од член 354 ст.2 в.в ст.1 в.в. член 19 од КЗ на РМ, информираат од Финансиската полиција.

Објавено на

часот

Сподели

„Пријавениот С.Р. во својство на в.д. директор на ЈП Комунална хигиена Скопје, со намера да ги исцрпи сите предвидени финансиски средства од склучениот договор за интелектуални услуги со правниот субјект ВЕДА ДООЕЛ Скопје, во текот на 2024 година, два дена пред истекот на важноста на договорот, како и еден ден пред неговото завршување, во име и за сметка на претпријатието склучил пет договори со физички лица, во вкупен износ од 3.608.708 денари, од кои два фиктивни договори со висока нереална вредност од по 775.000 денари за интелектуални услуги – давање на совети, имплементирање на нови техники за заштита на животната средина во вкупна вредност од 1.550.000 денари, со лица кои биле негови лични познаници и за кои бил свесен дека немаат никаква експертиза во областа на заштита на животната средина и покрај тоа што бил свесен дека услугите не се извршени, нема да бидат извршени, ниту постои објективна можност истите да бидат извршени во времетраење на договорот со авторската агенција.  Склучил и три договори со физички лица во вредност од по 686.236 денари за сметководствени услуги и подготвување на годишна сметка во вкупна вредност од 2.058.708 денари, иако бил свесен дека едно од лицата немало никаква експертиза во вршење на сметководствени услуги и не е регистрирано како овластен сметководител во Регистарот на овластени сметководители“, се наведува во соопштението на Управата за финансиска полиција.

По престанувањето на важноста на договорот за интелектуални услуги со правното лице ВЕДА ДООЕЛ Скопје, односно откако пријавениот бил одвратен од намерата да го доврши кривичното дело „проневера во службата” од член 354 ст.2 в.в ст.1 од КЗ на РСМ и да ги исплати средствата, поради навремено откривање на делото од страна на Управата за финансиска полиција, пријавениот спровел нова постапка и склучил нов договор со правниот субјект ЕСИ СОЛУШН ДООЕЛ Скопје за интелектуални услуги, за преку него да склучи договор со трето лице и ангажирал возило (камион) за собирање на смет, потпишал платни налози и исплатил 604.461 денари спрема авторската агенција.

„Со горенаведените дејствија, постои основано сомнение дека пријавениот постапил спротивно на член 40 и член 41 од Законот за јавни набавки (Службен весник на РМ бр.24/19 и бр.87/21) и спротивно на утврдените начела на јавните набавки и тоа: начело на економичност, ефикасност и ефективност на користењето јавни средства, начело на конкуренција помеѓу економските оператори, начело на транспарентност, начело на еднаков третман и недискриминација на економските оператори и начело на сразмерност, предвидени во членовите 4-8 во ЗЈН, односно склучил фиктивни договори и договори без да биде спроведена јавна набавка, на кој начин ги сторил кривичните дела ‘злоупотреба на службената положба и овластување’ од член 353 ст.4  и ст.3 вв ст.1 од КЗ на РСМ,  ‘фалсификување исправа’ од член 378, ст.1 од КЗ на РМ и кривично дело ‘проневера во службата’ во обид од член 354 ст.2 в.в ст.1 в.в. член 19 од КЗ на РМ, а со намера да овозможи корист на договорните физички лица во вкупен износ од 4.213.169 денари“, информираат од Финансиската полиција.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ