недела, 14 декември 2025

Кривична пријава од Општина Аеродром за ЈП Комунална хигиена за загрозување на животната средина

Општина Аеродром поднесе кривична пријава против ЈП Комунална хигиена за загрозување на животната средина, поради неизвршување на нивната обврска за собирање комунален отпад.

Објавено на

часот

Сподели

„Во изминативе 3 дена успеавме да собереме 24 тони комунален отпад (над 170 м³) од домаќинствата во Аеродром, работа која градското комунално претпријатие не ја изврши. Ова беше возможно само благодарение на ангажманот и трудот на работниците на ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром“, се наведува во соопштението на Општина Аеродром.

Се нагласува дека во Општината се сепак свесни дека поради оваа вонредна ситуација можеби биле запоставени редовните активности: чистење на плочници, тротоари и сервисни улици, косење, гребење и уредување на зеленилото, празнење на кантите за џебен отпад, собирање на лисја, гранки и на неколку места и кабаст отпад.

„Се извинуваме на сите жители за непријатностите и бараме разбирање. За целата состојба поднесовме и кривична пријава до МВР и Основното јавно обвинителство за загрозување на животната средина. Ова не е само прашање на отпад, ова е прашање на достоинство, здравје и иднина“, се вели во соопштението на Општина Аеродром.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ