сабота, 10 мај 2025

Кривична пријава на Финансиската полиција против управителот на „Арман компани“ за даночно затајување

A.A., управител и сопственик на Арман компани од Скопје доби кривична пријава од  Управата за финансиска полиција поради сомневање за сторено кривично дело даночно затајување.

Објавено на

часот

Сподели

„Пријавениот А.А во својство на управител и сопственик на друштвото за производство, трговија и услуги „Арман компани“ ДООЕЛ Скопје, во периодот од 1 јануари 2020 година до 25 декември 2024 година, свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе и за правниот субјект, набавената трговска стока (јаткасти производи), евидентирана на залиха во вредност од 53.257.786 денари, неосновано ја присвоил и не ја евидентирал во сметководствената евиденција како кусок. Пријавениот не пресметал, не пријавил и не уплатил данок на додадена вредност по даночна стапка од 5 % во износ од 2.662.889 денари и данок на добивка по даночна стапка од 10 % во износ од 5.325.778 денари, а за застарените обврски кон добавувачи постари од три години во износ од 40.903.524 денари (краткорочни), а кои потекнуваат од 2020 година и не се прикажани како приходи во Билансот на успех и Даночниот биланс на правниот субјект за 2023 година, пријавениот не пресметал, не пријавил и не уплатил данок на добивка по даночна стапка од 10 % во износ од 4.090.352 денари“, соопштија денеска со Управата за финансиска полиција.

Со намера да ги прикрие инкриминираните активности, се додава во соопштението, пријавениот не изготвил и не поднел завршни сметки за 2021 година, 2022 година и 2023 година, до Управата за јавни приходи и до Централниот регистар на Македонија со што не пресметал, не пријавил и не уплатил даноци по разни основи во вкупен износ од 12.079.019 денари, за кој износ го оштетил Буџетот на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ