За овие две лица постои основано сомневање за кривичното дело од чл. 230 ст.1 од КЗ – загрозување на животната средина и природата со отпад.
Според решението на судот, за осомничените С.Р. и А.С., вработени во ЈП „Комунална хигиена“, мерката притвор е определена заради постење на основите од чл. 165 ст. 1, точка 2 и 3 односно Опасност да ја попречи истрагата или да влијае врз сведоци и Можност да го повтори делото.
Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд, соопшти попладнево Основниот кривичен суд Скопје.
Кривичен суд: Притвор за директорот и раководител во „Комунална хигиена“-Скопје
Сабахудин Рустеми, в.д. директорот на јавното претпријатие „Комунална хигиена“-Скопје и Али Саити, раководител за хигиена од денеска одат во притвор по денешното решение на судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, кој постапил по предлог на ОЈО Скопје за определување мерка притвор против две лица од по 30 дена.

Објавено на
часот





