„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, за определување мерки за обезбедување присуство и мерки за претпазливост против Ѓ.Р. , по произнесување на осомничениот и надлежниот јавен обвинител, донесе решение со кое предлогот на ОЈО се прифаќа и на осомничениот му се определува мерка куќен притвор како и дополнителна мерка за обезбедување присуство, односно одземање на патна исправа и забрана за издавање нова“, се вели во известувањето на Кривичен суд.
Оваа одлука Кривичниот суд ја донесе по одземањето на имунитетот на Ристов од страна на Судскиот совет.
„Со оглед дека осомничениот, кој се товари за две кривични дело и тоа „перење пари и други приноси“ од чл.273 ст.1 и противправно стекнување и прикривање имот од чл. 359 – а ст.3 вв ст.1 од КЗ, е апелационен судија, судот, пред одлучување, предлогот на ОЈО го достави до надлежниот Судски совет на РСМ, кој одлучуваше по однос на судискиот имунитет, а по добиена согласност од Советот, го прифати предлогот. Против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет“, се препорачува од Кривичниот суд.






