четврток, 11 декември 2025

Кривичен суд: Дел адвокати и претставници на обвинетите за пожарот во Кочани го одолжуваа приемот на обвинението

Во врска со предметот поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Основниот кривичен суд Скопје денеска преку соопштение информираше дека го разбира интересот на јавноста, па токму заради тој интерес информира дека јавноста треба да има предвид дека се работи за предмет со 37 обвинети фирми и луѓе застапувани од 33 бранители и претставници на фирмите. Од судот уверуваат дека од приемот на обвинението, судот ги ангажирал сите расположиви ресурси за достава на обвинението до странките, за прием на сите приговори и нивно процесирање до надлежниот јавен обвинител.

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

„За жал, во текот на изминатите неколку месеци, доставата кај дел од адвокатите и претставниците на правните лица не можеше да се реализира навреме, односно и покрај најавите од судот дека актот ќе им биде доставен директно во нивните канцеларии заради поголема ефикасност во постапувањето, истите беа отсутни. Заради тоа доставата, а со тоа и роковите за приговор, непотребно се одолговлекуваа.
Со оглед што во овој момент, сите обвинети и нивни бранители го имаат примено обвинителниот акт, и на 3.10.2025 година истекуваат сите законски рокови за прием и достава на приговор, со што се исполнуваат сите услови за оцена, се очекува актот до крајот на неделата да биде оценет, за што јавноста и странките ќе бидат навремено известени“, велат од Кривичниот суд.

Оттаму потенцираат дека судот ги прави сите напори за да ги исполни законските обврски и доследно да ги испочитува загарантираните права на странките сѐ со цел да не се компромитира предметот во понатамошниот дел од постапката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ