недела, 14 декември 2025

Критична маса: „Идни градоначалници, доста беа лепенки, време е за нова гума!“

„Идни градоначалници, доста беа лепенки, време е за нова гума!“ е мотото под кое попладнево во Скопје се одржa 92. Критична маса.

Објавено на

часот

Сподели

Со симболично ѕвонење, велосипедистите ја почнаа рутата од плоштадот „Македонија“, од каде се упатија низ Аеродром, а потоа треба да продолжат до Градскиот парк.

„Ситуацијата е толку лоша, што е време за нов концепт, за сосема нов начин на решавање на сообраќајните проблеми во градот. Постојано се крпат и се прават ситници, а неопходно е всушност буквално ново, системско решение“, изјавија за МИА  од „На точак“, кои се иницијатори на Критична маса.

Тие потсетија дека имаат испратено документ со 10 предлози за подобрување на состојбата за пешачење и возење велоспиед во Скопје, како и за транспортот воопшто.

„Не можеме да ги ослободиме тротоарите ако немаме развиен јавен превоз. Овие работи се поврзани меѓу себе. Неопходна е велосипедска мрежа низ целиот град“, порачаа од „На точак“.

Тое се сепак оптимисти, напоменуваат дека свеста кај граѓаните за возење велосиепд се зголемува.

-Се поголем е бројот на граѓаните кои возат велосипеди место автомобили. Последните десет години е во пораст. Секој ден раскрсниците се полни со велосипеди. Можеби околу пет отсто од сообраќајот во Скопје отпаѓа на велосипеди. Ова е многу малку во споредба со Копенхаген каде, на пример, изнесува над 50 проценти. Во Љубљана е можеби 15 отсто, треба и ние да се стремиме натаму, потенцираа од „На точак“.

Според нив, оваа Критична маса се случува во пресрет на локалните избори со јасна порака до кандидатите за градоначалници: да понудат план за градот во кој велосипедистите и пешаците се дел од решението, а не жртви на хаотичниот автоцентричен сообраќај. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ