„Оваа поддршка доаѓа во вистински момент, со оглед на тоа што трошоците за одржување на Зоолошката градина во зимските месеци се повисоки. Среќни сме што преку оваа активност на Credissimo 500 деца и возрасни ќе уживаат во амбиентот на ЗОО Скопје, а во исто време тоа ќе нѝ помогне да обезбедиме доволно средства за да го потпомогнеме работењето на ЗОО“, вели Зоран Попов, директор на Зоолошката градина Скопје.
Компанијата Credissimo, во последните неколку години, во повеќе наврати го поддржа работењето на ЗОО Скопје. Последната донација беше наменета за реконструкција на покривот на живеалиштето на крокодилот, а претходно беа обезбедени средства и за бојадисување на домовите на лавчињата и за поставување информативни и едукативни табли.
„Грижата за животните е еден од основните сегменти на нашата политика за општествена одговорност и токму затоа сметаме дека Зоолошката градина во Скопје ја заслужува нашата поддршка. Грижата за изградба на репрезентативна ЗОО во главниот град треба да биде на целата заедница, вклучувајќи ги и граѓаните, кои со секоја посета го помагаат нејзиното опстојување и надградување. Credissimo и во иднина ќе остане партнер на Зоолошката градина преку поддршка на разни активности“, порачуваат од Credissimo.
Пред организирањето на настанот компанијата направи повик на социјалните мрежи до сите заинтересирани граѓани кои сакаат да добијат на подарок влезница за ЗОО Скопје. Credissimo во изминатите месеци обезбеди бесплатни билети за Зоолошката градина и за децата кои го посетуваат дневниот центар на здружението „Доза среќа“, како и за децата на своите вработени.