петок, 19 декември 2025

Кредисимо ги „избрка“ вработените од канцеларија

Загадениот воздух и сообраќајниот метеж во овој период од годината ја мотивираа компанијата Кредисимо (Credissimo) да донесе одговорна одлука во корист на своите вработени. Од 15 декември, сите од тимот на Кредисимо имаат можност да работат од дома и на тој начин да ги намалат трошоците и да го заштедат времето потребно за патување до и од работното место. Одлуката е за во зимскиот период, а останува отворена и можност за работа од канцеларија за оние кои го преферираат тоа.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Грижата за благосостојбата на вработените е еден од постулатите во работењето на Credissimo. Токму затоа, донесовме свесна и одговорна одлука да дозволиме работа од дома во овој период. Имаме целосна доверба во професионалноста и посветеноста на нашите луѓе и им даваме можност работните задачи да ги извршуваат од својот дом без да бидат оптоварени со притисокот за патување до работа во услови на сообраќаен метеж и аерозагадување. Мислиме на нив не само како на наши вработени, туку и како на луѓе кои се важен дел од општеството“, велат од Кредисимо.

Глобалните трендови укажуваат дека можноста за „работа од далечина“ се етаблира како правило во голем број компании. Над 60 отсто од компаниите во Европската Унија овозможуваат пристап до електронската пошта, документите и бизнис апликациите и надвор од работното место што е индикатор дека се охрабрува работа од дома. Во Соединетите Американски Држави пак, дури 88% од компаниите дозволуваат хибридна работа односно комбинација од работа во канцеларија и работа од дома. Голем број вработени ја преферираат опцијата за работа од дома во зимските месеци од неколку причини, како што се: краткото траење на денот, сезонските болести и покомплцираното патување до и од работното место заради студеното време.

Имајќи го сето ова предвид, одлуката на Кредииомо е пример за општествена одговорност и грижа за вработените, и претставува позитивна пракса што треба да ја следат и други компании во земјата.

Кредисимо e едно од водечките финансиски друштва за онлајн потрошувачки кредити во Македонија, кое целокупната своја работа и односот кон партнерите, клиентите и вработени ги гради врз принципите на одговорност, отвореност и транспарентност. Како општествено одговорна компанија, препознаена е по иницијативите за грижа за машкото и женското здравје, кампањата за поддршка на првачињата „Секогаш биди број 1“, донации во Зоолошката градина во Скопје, како и заштита на животната средина.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ