Екипите на Јавното претпријатие за водовод и канализација – „Шар“ интервенираа со чистење на затнати шахти со цел побрзо одлевање на насобраната вода.
„Главна причина останува несовесното фрлање отпадоци, што покрај блокирањето, претставува и ризик од поплави во населбите. Сите имаме улога во зачувувањето на чистотата и функционирањето на јавната инфраструктура“, се вели во информацијата на ЈКП за водовод и канализација – „Шар“.
Од Територијалната против пожарна единица Тетово информираа дека не добиле повик за интервенција по силниот денешен дожд.