„Секогаш сме давале поддршка на нашите војници, полицајци, вработени во МО и МВР и безбедносни служби, но никогаш не сме се согласувале со лицемерието на раководствата на тие институции.
Не може да се глуми лажна загриженост дека се сака да се реши статусот на вработените во МО, а токму инвалидите од конфликтот и семејствата на тие кои државата ги прати да загинат да бидат на маргините. Таква политичка шизофренија не признаваме.
Остануваме на дадениот став поврзан со решавањето на статусот на десетина семејствата на загинатите бранители од 2001 година со закон кој беше блокиран со злоупотреба од Талат Џафери. Иако има само 2 члена во законот и иако е поднесен на ‘чист’ македонски јазик, до ден денешен истиот не е преведен.
Досега СДС се извлекуваа дека од Талат Џафери зависело кога ќе се најде Законот на седница и истите не сакаа да направат притисок врз него. Но, еве сега на крај на мандат, СДС има претседател на Собрание од неколку месеци и еве шанса да покажат колку се грижат за воените инвалиди и за семејствата на луѓето кои државата ги прати да загинат.
Ајде да ја ублажиме голготата на тие луѓе, а потоа се обврзуваме дека Законот за вработени во одбрана ќе го донесеме експресно со мали усогласувања за кои имаме разбирање со власта во заминување“, напиша пратеникот на Фејбук.






