недела, 14 декември 2025

Костовски: Љубанци и Љуботен ќе добијат чиста вода за пиење од градскиот водовод

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски објави дека селата Љубанци и Љуботен наскоро ќе бидат приклучени на градскиот водовод.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска, на барање на општина Бутел, Владата на Република Македонија обезбеди над 110.000.000 денари за реализирање на еден од најголемите капитални проекти – а тоа е водоснабдување на селата Љубанци и Љуботен со чиста вода за пиење од градскиот водовод.

Благодарност до претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, до вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николовски за големата поддршка што ни ја дадоа за реализација на овој исклучително значаен проект. Благодарност и до жителите на селата Љубанци и Љуботен кои ни даваат голема поддршка и ја видоа нашата искрена заложба за овој проект конечно да се реализира.Општина Бутел во изминатиот период работеше на комплетна проектна документација за која издвои над 4.000.000 денари“ изјави градоначалникот на Бутел, Костовски во своја објава на Фејсбук.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ