вторник, 9 декември 2025

Костадиновски: Сите сме должни да му бидеме лојални на Уставот

По повод 17 ноември, денот кога пред 34 години е донесен Уставот на Републиката, ве повикувам да му бидеме лојални на Уставот, тоа е наша должност, порача денеска во обраќањето до јавноста претседателот на уставниот суд, Дарко Костадиновски.

Објавено на

часот

Сподели

„Силата на Уставот лежи целосно во посветеноста на секој граѓанин да го штити истиот. Само доколку секој еден од нас ја чувствува таа должност, уставните права ќе бидат заштитени“, вели Костадиновски во пораката.

Тој додава дека изградбата на правната држава денес е чин на врвен патриотизам и љубов кон сопствената татковина.

„Тоа е најсигурниот начин да го зачуваме заветот на нашите предци и најсигурниот начин да создадеме иднина за нашите наследници. Иднина во слободна, демократска и просперитетна држава. Ве повикувам на овој ден, како генерација да ја исполниме нашата должност кон татковината“, заклучува Костадиновски во своето обраќање до јавноста по повод 17 Ноември, денот на македонскиот Устав.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ