вторник, 24 февруари 2026

Костадиновски – Миљаниќ: Унапредување на соработката во областа на уставното судство меѓу Македонија и Црна Гора

Унапредување на соработката во областа на уставното судство, било во фокусот на средбата на претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски со амбасадорот на Црна Гора во земјава, Зоран Миљаниќ.

Објавено на

часот

Сподели

„На средбата беше потврдено заемното задоволство од развојот на билатералните односи и беше истакната заедничката определба за нивно натамошно продлабочување, преку натамошно унапредување на соработката во областа на уставното судство“, се вели во соопштението на Уставен суд.

Како што додаваат оттаму, претседателот Костадиновски го информирал амбасадорот Миљаниќ за тековните активности и приоритети во работата на судот, со посебен осврт на унапредувањето на уставно-судската практика, заштитата на уставноста и законитоста, и на човековите права и слободи, како и транспарентноста, како клучен фактор за подигнување на довербата на граѓаните во правната држава.

„На средбата било нагласено значењето на независноста и самостојноста на уставните судови како суштинска гаранција за владеење на правото и стабилноста на демократскиот капацитет“, додаваат од Уставниот суд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ