На средбата, претседателот Костадиновски ја запозна амбасадорката со актуелните предизвици со кои се соочува Уставниот суд, како и со улогата и надлежностите на Судот како столб на демократијата и гарант на уставните права и слободи. Тој ги претстави своите заложби за обезбедување на поголема независност и самостојност на институцијата, како и за зголемување на транспарентноста во работењето, вклучително преку снимање на седниците во живо.
Двете страни ја нагласија важноста од продлабочување на билатералната соработка преку размена на искуства и дијалог меѓу уставните судови, како начин за зајакнување на институционалните врски и унапредување на меѓународните стандарди во уставно-правната област.
Амбасадорката Сјаојен ја презентираше иницијативата за приклучување на Република Македонија во Меѓународната организација за медијација (IOMed), истакнувајќи го значењето на меѓународната соработка и промовирањето на принципите на владеење на правото.
Со оваа средба, двете страни ја потврдија посветеноста кон јакнење на билатералните односи, продлабочување на меѓусебните врски и зајакнување на уставно-правната соработка.






